Торнадо ја опустоши Америка, 23 жртви: Ветерот дувал со 260 км/ч., погледнете го хаосот по страшното невреме во Алабама

865

Најмалку 23 лица погинале, а повеќе се повредени во торнадото кое ја погоди Алабама, американската држава на југоистокот од земјата.

Неколку луѓе се префрлени во медицинскиот центар во источна Алабама со сериозни повреди.

“Засега имаме податоци дека настадале 23 лица. За жал, мислам дека бројот на жртви ќе биде поголем”, изјавил шерифот на округот Ли, Џеј Џоунс.

Американската метеоролошка служба го сместила торнадото во категоријата EF-3 што значи дека брзината на ветрот достигнувала до 266 километри на час. Податоците за бројот на жртвите и настанатата материјална штета не се конечни и акцијата за пружање на прва помош е во тек.

Повеќе од 4000 домаќинства во Алабама останале без електрична енергија, а неколку домови се уништени и оштетени во Боригард, 90 километри источно од главниот град Монтгомери.

Како што пренесува “AP”, торнадото ја погоди областа во неделата во попладневните часови по локално време.