Торнадо направило вистински пустош на Сицилија: Снимките од морето се застрашувачки!

501

Торнадо проследено со силен дожд и град, ја погодило вчера Катанија, на Сицилија, објавиле градските власти.

Во силните удари од ветерот оштетни се повеќе објекти и автомобили, а според пишувањата на агенцијата „Анса“, има повеќе повредени, но никој не е задржан во болница.

Според снимките, се гледа дека бурата била толку силна што искршила големи дрвја, што паднале на неколку места над автомобили и улици кои биле затворени за сообраќај.

Исто така, како што пренесуваат локалните медиуми, 4 авиони морале да бидат пренасочени за слетување на други аеродроми.

Многу улици се под вода, искрешни се детски паркови, а комуналните екипи се обидуваат да ги отстранат дрвјата и да овозможат проодност на улиците.

На некои снимки се гледа дека автомобилите се заглавени во вода на улиците, а во продавниците пливаат столчиња, чадори и останат инвентар од локалните кафулиња.