Тоше не требало да ја пее: Еве за кого била „Игри без граници“

1699

Песната „Игри без граници“, која ја испеа Тоше Проески и за кратко време стана еден од неговите најголеми хитови, не била наменета за него и требало да ја испее композиторот Мирослав Дрљача – Рус, кој е и комплетен автор на темата.

Имено, Рус, иако долги години ја чувал во фиока за себе, по една средба со Тоше, со кого соработувал, решил да му ја даде затоа што сфатил дека Проески ќе ја изнесе на најдобар можен начин.

– Тоа е песна која ја напишав пред да го запознаам Проески. Година или две пред Тоше да ја отпее, го сретнав продуцентот Никша Братош, кој соработуваше со Тоше, и му реков дека имам песна која не сакам никому да му ја дадам, туку сакам јас да ја отепам, макар и да ја упропастам. По некое време, додека се возев со Тоше, тој почна да копа по моите цедиња барајќи ги песните за кои чул дека не сакам никому да му ги дадам и прва која ја најде беше ‘Игри без граници’. Тоа беше крај. Рече дека тоа е песна за него и да не сонувам дека може да ја пее некој друг“, рекол Рус во едно интервју за хрватските медиуми.

Нашиот Тоше ова нумера ја испеа најдобро што можеше, и тука заврши неговата кариера.