Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна детали поради кои дојде до големата трагедија во Кочани.
Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила законски услови во делот на заштита на јавен ред и мир.
Третиот и четвртиот осомничен како началници на Одделението за полиција во СВР Штип и началник на СВР Штип одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое констатирале дека ноќниот клуб ги исполнува законските услови, а не извршиле целосна проверка пред да ја одобрат позитивната согласност за лиценца.
Лицата во моментов се носат пред надлежен судија во рамки на претходна постапка. Досега во притвор се 18 лица.
-Ова се лицата кои што потпишале, овозможиле и допринеле да се случи ужасната трагедија со изготвување на незаконски документи, додадев Тошковски.
Овие дејствија, според Тошковски се преземани за издавањето на лиценцата од 2023 година.
ресорниот министер исто така информира дека досега вкупно 26 лица се поврзани со трагедијата во „Пулс“, но и дека со нив не се затвора списокот на осомничени. Истрагата ќе потрае и понатаму.