Тотален крах на фудбалерот: Љубовникот на Карлеуша уапсен во Белгија!

1267

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Огњен Врањеш, синоќа е уапсен во Белгија поради тоа што му била истечена дозволата за работа во оваа држава.

Фудбалерот, кој во јавноста е далеку попознат како љубовник на пејачката Јелена Карлеуша, бил приведен на аеродромот во Шарлероа, а ножта ја мина во центар за илегални мигранти.

„Лицето кое го запревме тврдеше дека е фудбалер на Андерлехт, но немаше ниту еден доказ за такво нешто“, стои во извештајот на полицијата.

Врањеш бил подготвен за депортација во БиХ, но за негова среќа немало летови за Сараево па останал во центарот за емигранти. По ноќта мината таму, стигнале потребните документи по што тој бил ослободен.