Тоти доби понуда да се врати на фудбалот

849

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Рома и италијанската репрезентација Франческо Тоти може да стане член на австралискиот клуб АПИА Тајгерс, објавија медиумите во Австралија.

Според претставникот на Академијата на австралискиот тим кој соработува со римскиот клуб, АПИА Тајгерс ќе се обиде да го убеди пензионираниот Тоти да игра во плеј-офот од националниот шампионат.

– Клубот се обидува да направи нешто посебно. Ние веќе испративме понуда и го чекаме резултатот.

42-годишниот Тоти планира да го посети Сиднеј следниот месец.