Франческо Тоти целата своја кариера и ја посвети на Рома, клуб во кој одлучи да остане, одбие многу понуди од голема љубов, но истата на крајот не беше возвратена од клубот или поточно од раководството.
Легената на „волчицата“ во 2017 година беше едноставно принуден да замине во пензија за да потоа кратко време мине како директор по што потоа експлодираше и призна дека постоеле многу проблеми во комуникацијата со првиот човек Џејмс Палота, а дека проблемот има подлабоки корени говори и неговата исповед во комуникацијата со Лука Тони на социјалните мрежи.
-Се додека ситуацијата (ова раководство) е таква, моја нога нема да стапне во Тригорија. Секогаш кога го оставам Кристијан на тренинг, останувам надвор од портата. Понекогаш седам во автомобилот и се чувствувам како да плачам, после 30 години минати таму да не можам да стапнам. Заминав и тоа е тоа Сè уште имам одлични пријатели и тие излегуваат надвор од портата да кажат здраво. Мојот син бара да дојдам и да го гледам, но не можам да го сторам тоа. Тоа ќе ме убие, -вели Тоти.