Трабзонспор е новиот клуб на Енис Барди

466

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ќе биде нов фудбалер на турскиот шампион Трабзонспор, трансферот ќе биде комплетиран во наредните денови.

„Марка“ тврди дека Леванте и Трабзонспор постигнале договор за трансфер на Барди. Турскиот клуб за да го плати македонскиот фудбалер ќе плати околу три милиони евра плус бонуси.
И Барди веќе ги договорил личните услови со Трабзонспор, па во наредните денови ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договор, кој веројатно ќе биде тригодишен.
Во Турција ова лето се пресели и Езгјан Алиоски, тој ќе го носи дресот на Фенербахче и ќе биде голем ривал на Барди и Трабзон.