ТРАГЕДИЈА: 6- годишно девојче починало додека примало инфузија во болницата во Битола

355

Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, пренесува Независен.мк.

Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

„Вчера околу 10 часот девојчето е примено на Одделението за педијатрија, третирано е со терапија и нешто по 14 часот му се влоши состојбата по што почина. Како болница побаравме обдукција која е во тек, а резултатите од неа ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта“, изјави за „Независен“, д-р Обедниковски.