ТРАГЕДИЈА: Почина млад македонски одбојкарски репрезентативец

4822

Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории.

Стојчев во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата, соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Стојчев имаше само 32 години.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.

ИСКРЕНО СОЧУВСТВО ДО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, ПРИЈАТЕЛИТЕ И КОЛЕГИТЕ