Трагичната судбина на Албанецот: Невин бил во затвор, а загинал во земјотресот откако го пуштиле на слобода

1171

Кристијан Пеци е идентификуван како една од шесте жртви на земјотресот кој ја погоди Албанија.

Новинарката од емисијата “Boom”, Аријана Лоче ја објави на својот профил на Фејсбук неговата фотографија и објасни дека Пеци после обраќањето во нејзината емисија бил пуштен во слобода.

Несреќниот Пеци поминал шест месеци во затвор иако бил невин, а откако го пуштиле на слобода, тој загинал утринава во земјотресот.