Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека луѓето се уморни да слушаат за смртоносната пандемија од која умреа повеќе од 215.000 Американци, а за главниот епидемиолог на земјата рече дека е на таа функција 500 години.
Нарекувајќи ги Фаучи и другите здравствени службеници „идиоти“, Трамп рече дека земјата е подготвена да ја остави здравствената катастрофа зад себе, иако бројот на случаи повторно нагло расте, а медицинските експерти предупредуваат дека најлошото можеби сега доаѓа.
Неоправдано тврдејќи дека, доколку Фаучи беше на чело на државата, повеќе од половина милион луѓе ќе умреа во САД, Трамп ги опиша како „тешка досада“ препораките што ги донесе неговата администрација за забавување на ширењето на болеста.
Луѓето велат дека не им е грижа. Само оставете не на мира. Доста им е. Луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите овие идиоти, рече претседателот во телефонскиот разговор со неговиот изборен штаб.
Фаучи е фино момче, продолжи Трамп: Тој е тука веќе 500 години.
Фаучи е директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести од 1984 година и е член на работната група на Белата куќа за корона вирусот.