Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне Курдите во текот на американското повлекување од Сирија.
Американскиот претседател тоа го напишал на профилот на Твитер.
“Почнува долготрајното повелекување од Сирија додека го напаѓаме малиот преостанат дел од територијалниот калифат на ИСИС од неколку насоки. Повторно ќе ги нападнеме од постоечките бази во близина ако повторно се формираат. Економски ќе ја уништиме Турција ако ги нападне Курдите. Направете безбедносна база од 20 милји”, напишал Трамп.
Претседателот на САД порачал и дека треба да се стави крај на бескрајните војни.
Starting the long overdue pullout from Syria while hitting the little remaining ISIS territorial caliphate hard, and from many directions. Will attack again from existing nearby base if it reforms. Will devastate Turkey economically if they hit Kurds. Create 20 mile safe zone….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 13, 2019
“Исто така, не сакам ни Курдите да ја предизвикуваат Турција. Русија, Иран и Сирија ќе имаат најголема корист од долгорочната американска политика на уништување на ИСИС во Сирија, природниот непријател. Исто така, и ние имаме корист, но сега е време да ги доведеме нашите трупи дома. Сопрете ги бескрајните војни”, рекол Трамп.
Турција до Трамп по повод Курдите: “Терористи не може да бидат партнери”
Американскиот претседател се заканил дека САД економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне Курдите во текот на американското повлекување од Сирија, на што официјална Анкара возвратила дека “терористите од сирискиот огранок ПКК” не може да бидат партнери на САД.
“Фатална грешка е да се изедначат сириските Курди и ПКК, која е на американската листа на терористи, и нејзиниот сириски огранок PYD/YPG”, напишал портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин на Твитер, пренесува “Reuters”.
“Терористи не можат да бидат ваши партнери и сојузници. Турција очекува САД да го почитуваат нашето стратешко партнерство и не сака тоа да биде помрачено од терористичка пропаганда”, навел Калин.
Односите меѓу Турција и САД се затегнати поради тоа што Вашингтон ја поддржува курдската милиција во Сирија, која Анкара ја смета за продолжена гранка на забранетата Работничка партија на Курдистан.
Курдите се американски сојузник во борбата против ИСИС и ги контролираат северните делови на Сирија. Ердоган најавил дека по повлекувањето на американските сили од регионот ќе се пресмета со курдската милиција.

Коалицијата против ИСИС, предводена од САД, го започнала процесот на повлекување од Сирија, соопштил во петокот портпаролот на коалицијата.
Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, објавила дека повлекувањето почнало во четвртокот навечер.
Во Сирија има околу 2.000 американски војници.
