Трамп ја матирал Русија: Најтежок удар од 2014-та година, фрлени милијарди, гасоводот сопрен?

752

Швајцарската компанија “Олсиз” ги повлекла бродовите од Балтичкото море кои се занимавале со изградба на Северниот тек 2.

Оваа информација ја објавил “Bloomberg”, повикувајќи се на неименувани претставници на компанијата.

Причината за повлекувањето на бродовите се американските санкции кои се воведени на рускиот гасовод. Тие стапиле на сила во саботата наутро. Според податоците на агенциите “Олсиз” одбила да го коментира прашањето, колку долго ќе биде одложен проектот.

Шефот на дипломатијата на Русија, Сергеј Лавров, ветил дека Русија ќе одговори на американските санкции на рускиот гасовод, на тој начин што нема самата да си нанесе штета.

Проектот “Северен Тек 2” подразбира изградба на два краци на гасоводот, со вкупен капацитетот од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото море, до Германија. Новиот цевовод треба да биде изграден покрај “Северен тек”.

Против гасоводот била Украина, која се плаши дека ќе ги изгуби приходите од транзитот на рускиот гас и САД кои имаат амбициозни планови по прашањето за извоз на течен природен гас во Европа. Освен нив, Летонија, Литванија и Полска сметаат дека ова е политички проект. Меѓутоа, Германија е таа која го поддржува овој проект.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп овој викенд потпишал предлог закон за годишната одбранбена потрошувачка во која се вклучени санкции за “Северен Тек 2”.

Според тој закон предвидени се санкции за компаниите поврзани со изградбата на гасоводот Северен Тек 2.

Вашингтон смета дека тој гасоводот ќе ја зголеми зависноста на Европа од руски гас и така ќе го зголеми влијанието на Москва. Европската унија, меѓутоа, силно го осудува мешањето на САД во нејзината енергетска политика.

Гасоводот кој е речиси завршен минува под Балтичкото море и ја заобиколува Украина. Тој ќе овозможи да се дуплира директната испорака на руски природен гас во западна Европа преку Германија.

Гасоводот претставува инвестиција од 10-тина милијарди евра, кој половина го финансира Газпром, а втората половина пет европски компании (ОМВ, Винтершал, Деа, Енџи, Унипер и Шел).

Од почетокот на неговата изградба, бројни препреки се појавувале околу тој проект. Така гасоводот Северен Тек 2 дури кон крајот на октомври добил зелено светло од Данска да мине преку нејзините води, поради што би можело значително да доцни неговото пуштање во употреба, предвидено за крајот на 2019-та.