Трамп ја отвори канцеларијата за работи на поранешниот претседател

568

Доналд Трамп ја отвори канцеларијата на Флорида, која ќе ги води неговите работи како поранешен претседател на САД и ќе ја промовира програмата на неговата администрација.

„Канцеларијата ќе биде одговорна за водење на коресподенцијата на претседателот Трамп, за неговите јавни настапи и појавувања и службените активности за да се промовираат интересите на САД и програмата на администрацијата на Трамп преку активизам“, се наведува во изјавата што ја пренесе „Ројтерс“.