Трамп пак му се спротивстави на Парламентот, гласаше против резолуцијата на Конгресот

736

Американскиот пртседеател Доналд Трамп стави вето на резолуцијата на Конгресот, со која се бараше спречување на американската поддршка на саудиската коалиција во војната во Јемен, спротивставувајќи се на тој начин втор пат во два месеци на одлуката на парламентот.

„Оваа резолуција, која е бескорисен и опасен обид да се ослабнат моите уставни овластувања, ги става во опасност животите на американските граѓани“ изјави Трамп.

Конгресот го искористи законот изгласан во 1973 година за ограничување на воените овластувања на претседателот во судири во странство.

Пратениците повикаа на ставање крај на операциите во Јемен, каде од 2015 година Пентагон дава неборбена поддршка на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која е сојузник на САД.

„Даваме поддршка од повеќе причини. Пред се, наша задача е да ја заштитиме безбедноста на над 80.000 Американци, кои живеат во некои земји на коалицијата, а кои биле жртви на нападите на Хунтите од Јемен“ порачал Трамп.