Трамп се избламирал кај Елизабета, Меланија одвај го извадила: Целиот свет се смее на најновиот кикс на американскиот претседател

1046

Меланија Трамп повторно морала да го вади својот сопруг од калта, но овој пат бидејќи меморијата го изневерила.

Целиот свет будно ја следи посетата на Доналд Трамп и неговата сопруга на Велика Британија. Минатата година кога се сретнале со кралицата Елизабета, не правеле ништо друго освен да го кршат протоколот. Оваа година се заканува да не се разликува воопшто од таа.

Многу непријатна ситуација се случила во Бакингемската палата кога кралицата го прашала Трамп дали ја препознава статуата од сребрен коњ.

“Не”, рекол тој, и претпоставуваме дека Меланија и повеќе од кралицата се шокирала од неговиот одговор, па веднаш додала:

“Мислам дека тоа и го подаривме на кралицата минатата година”.

Сигурни сме дека кралицата долго ќе го памети ова “не” на Трамп. А Твитер лудо се забавува, а корисниците се прашуваат што Меланија гледа во Трамп, освен очигледниот шарм.