Трамп со жестока закана до Кина: Ајде, пукајте, но ние имаме повеќе муниција!

873

Доналд Трамп повторно упати закана до кинеските власти дека ќе наметне уште поголеми тарифи на кинеската стока доколку Кина одговори на најновите санкции на САД.

Трамп ја предупреди втората по големина економија во светот „два пати да размисли пред да се вклучи во трговска војна со САД“, затоа што тоа ќе биде војна во која што Американците имаат повеќе куршуми.

„Ќе воведеме уште поголеми тарифи. Имаме многу адути во ракавот“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

„Се распаѓаме поради нечесните трговски пракси на Кина. Им помагавме на Кинезите, им дадовме богатство, а сега го менуваме тоа. Ние воведовме 25% царини на стока вредна 50 милијарди долари, а потоа тие рекоа – и ние ќе го сториме тоа. Им кажувам – во ред, пукајте, ама ние имаме повеќе куршуми“.

На почетокот новите тарифи ќе изнесуваат 10%, а од 1-ви јануари 2019-та година ќе бидат зголемени на 25%. Трамп веќе воведе царини од 25% на 50 милијарди долари вреден увоз од Кина, по што Пекинг возврати со воведување на царини на американската стока.

Американскиот претседател се закани дека доколку Пекинг донесе одлука да се одмазди на најновите мерки, тогаш САД ќе возврати со воведување на царини на стока со износ од 517 милиони долари, што практично ќе ги покрие сите производи кои што Кина ги продава во САД.