Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тоа што се заразил со Ковид-19 за него е како „благослов од Бог“, затоа што му пружило поука за можните лекови за болеста.
Во видео-снимката објавена на Твитер, неколку часа откако одржа состанок во Овалната соба,Трамп вети дека ќе работи на тоа експерименталната комбинација на лекови, вклучително коктел антитела на американскиот производител „Регенерон“, да бидат бесплатни и достапни до Американците,
Сакам да имате ист третман како и Вашиот претседател – истакна Трамп.
A MESSAGE FROM THE PRESIDENT! pic.twitter.com/uhLIcknAjT
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 7, 2020