Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржал идејата за спроведување на истрага против поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.
Во интервјуто за Fox News, новинарот го прашал Трамп дали треба да се истражи врската на Бајден со кинеските власти, кои, според неговите зборови, вложуваат милијарди во семејниот бизнис на поранешниот американски потпретседател.
“Сто проценти. Тоа е срамота”, одговорил Трамп. Не се прецезира, меѓутоа, за какви инвестиции станува збор.
Another exclusive look at @SteveHiltonx’s interview with @realDonaldTrump where Steve asks the president about @JoeBiden’s ties to China – be sure to catch the full interview this Sunday at 9PM ET on @FoxNews! #NextRevFNC pic.twitter.com/66exg8bkUk
— The Next Revolution (@NextRevFNC) May 17, 2019
Според извештаите на американските медиуми, во 2013-та година компанијата на синот на Бајден, Хантер, направила договор со Банката на Кина за вложување на капитал од милијарда долари. Тогаш било наведено дека Хантер Бајден и неговите партнери создале неколку комерцијални структури кои учествувале во трансакции вредни повеќе милиони долари со компании во сопственост на кинеските власти.
Следните претседателски избори во САД ќе се одржат во ноември 2020-та година. Како што се очекува, Трамп ќе се кандидира и за втор мандат. Бајден кон крајот на април објавил дека исто така ќе учествува на изборите.