Трамп: Војната со Иран не би траела долго

987

САД би биле во силна позиција во случај на војна со Иран, а евентуален конфликт, кој не би вклучувал копнени сили, не би траел долго, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој сепак изрази надеж дека нема да дојде до војна.

„Ние сме многу во силна позиција во случај нешто да се случи… А тоа не би траело долго, можам да ви кажам“ рекол Трамп и додал дека не би биле вклучени копнени сили.

Иранските медиуми пренесуваат дека иранскиот претседател Хасан Рохани му рекол на својот француски колега, Емануел Макрон, дека неговата земја не сака војна со ниту една земја, па ни со САД.

По излегување од меѓународниот нуклеарен договор и воведувањето на санкции кон Иран, Трамп во понеделникот, потпиша указ за санкции против иранскиот врховен лидер, ајаталахот Али Хамнеи.