Трансфер на кариерата: Екс-играч на Вардар пред премин во Барселона!

829

Барселона е најголем фаворит за титулата во Лигата на шампионите оваа сезона, но идната би можела да биде уште посилна ако се остварат најавите на шпанските и полските медиуми.

Дури и претседателот на Келце, Бертус Сервас изјави дека преговорите се во завршна фаза и дека Лука Циндриќ најверојатно ќе стане играч на овој тим.

„Во последна фаза од преговорите сме, претстојниот викенд ќе разговараме со Барселона и најверојатно ќе финишираме. Постојат некои мали разлики, но тие нема да влијаат на конечниот резултат. Лука е овде среќен, но од мал сакал да игра во Барселона и тешко е да се одбие таква понуда“, изјави Сервас.

Хрватскиот репрезентативец е во Полска од минатата година и има договор до 2021. Барселона за него нуди половина милион евра.