Фатиме реши да ја промени фризурата
Фризура за која се зборува и со која ги воодушеви жените
Очигледно дека на Фатиме Фетаи фризурите и се многу важни. Имено, ова не е прв пат атрактивната специјална обвинителка да го привлече вниманието со својот прекрасен имиџ, посебно кога пред неколку месеци се појави и ги воодушеви сите со својата преубава боб фризира.
Таа досега неколку пати покажа дека фризурата и те како може да го промени впечатокот што го остава една убава и шармантна жена, а пред само неколку дена и дека нејзиниот нов имиџ изгледа совршено.
Нејзиното ново издание предизвика бурни реакции, а многумина и не можеа да ја препознаат со новата фризура.
И ако до вчера нејзин заштитен знак беше модерната „боб“ фризира, овој пат познатата обвинителка повторно направи промена со која ги изненади сите.
Кратка, со нерамномерни шишки, во црна боја, нејзината нова фризура потполно ги полуде припадничките на понежниот пол.
Фотографиите ги објави нејзината пријателка Нора Сам Шакири Марковиќ, која исто така има кратка фризура.
Таа го држи бебето на Нора во рацете, а во коментарите и двете дами добија голем број комплименти за својот изглед.
Кратките фризури се во мода, а Фатиме со во ова издание изгледа уште поатрактивно, но и помладо и поопасно. Впрочем тоа можеме да го прочитаме и во коментарите што ги оставија фановите под овие фотографии на социјалните мрежи.
Обвинителката знае како да си поигра со својот изглед и само во еден момент да го привлече вниманието. Таа тоа го покажа и претходно без број пати, посебно кога ќе се појавеше на некој настан средена од глава до пети.
Фатиме води сметка за својот изглед, и без разлика дали е во свечено, кежуал или деловно издание, секогаш зрачи со својата моќна женска енергија, харизма и самодоверба на кои ретко кој може да остане рамнодушен.
Пред новата фризура фатиме имаше малку подолга коса и модерна боб фризура која ја негува веќе подолго време.
Таа одвреме-навреме само ќе ја променеше формата и шишките, па затоа и оваа драстична промена ги изненади сите. Таа за новата фризура доби голем број лајкови, а како изгледа погледнете во продолжение.
Па, што мислите, која фризура и стои најдобро? Напишете го вашето мислење во коментарите на социјалните мрежи, но погледнете и уште неколку шик женски кратки фризури…
Па, дали би носеле ваква фризура?