A post shared by Jessie Bush (@wethepeoplestyle) on
Минатата есен беа во тренд карираните сакоа, но сега модните инфлуенсерки се свртеа кон другите карирани парчиња и потврдија дека исклучително сестраните панталони ја разигруваат секоја комбинација.
А освен што го прават аутфитот интересен, тие одлично се вклопуваат во различните стилови и се носат во сите прилики – од лежерни преку деловни па се до формални, но важно е само добро да знаете да ги искомбинирате.
Што се однесува до самиот крој, тој не е важен, што исто така е добра вест бидејќи можете да го прилагодите на својата фигура, но доколку сакате да бидете во согласност со трендовите, најмногу стилски поени ќе освоите во моделите со широки ногавици.
Карираните панталони имаат многу предности, што ги прави едни од најисплатливите трендови на сезоната, а доколку ви недостига идеја за нивно комбинирање, на Инстаграм ќе пронајдете мноштво модни комбинации кои ќе ви помогнат во потрагата по инспирација.