Тренерите на Дејан Георгиевски, кој направи огромен успех на Летните Олимписки Игри во Токио, се откажаа од најавената премија од Владата и Агенцијата за Млади и Спорт.
Дарко и Борче Костовски го водеа нашиот натпреварувач до сребрен медал во категоријата за теквондисти над 80 килограми.
„Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.
Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас. Секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!
За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (со златен отсјај).
За Македонија!“, порачаа браќата Крстевски.
Ова е уште еден во низата големи успеси на 22-годишникот. Среброто од неодамна е на врвот на сите одличја во кариерата на македонскиот херој.