Тренирајте како Бетмен: Еве како Роберт Патинсон се припремал за улогата на Темниот витез

672

Овој тренинг го применувал актерот Роберт Патинсон за да се припреми за улогата на Бетмен…

Новиот филм за Бетмен ќе го гледаме во кино дури следната година, а дотогаш можеме психички, но и физички да се припремаме за него. Роберт Патинсон морал да помине низ сериозни тренинзи за да го припреми телото за оваа улога, но на изненадување на сите тој не посетувал теретана, туку вежбал HIIT тренинзи и вежби за сила за да го доведе своето дело до максимална издржливост.

Патинсон исто така вежбал и Кросфит тренинзи бидејќи вели дека тие вежби се она што Бетмен го практикува секоја вечер, качувајќи се по згради и борејќи се против криминалците.

Јутјуберот Нејтер Миксон е запознаен со тренингот на Роберт Патинсон и нѝ открива кои се вежбите кои тој ги правел. Миксон покажува како се прават вежбите и нѝ објаснува детален план од тренингот на Бетмен, па ако сакате да тренирате како суперјунак, погледнете го видеото во продолжение: