Тргна работата: Баерн Минхен го официјализираше првото големо засилување

807

Баерн Минхен  и официјално ја започан реконструкцијата на тимот, а како прво големо засилување кое ми пристапи на тимот е Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид.

Французинот со Баварците потпиша договор до 2024 година, а „јорганџиите“ за него ќе добијат отштета од 80 милиони евра.

„Денес е многу важен ден во мојата фудбалска кариера. Баерн Минхен е еден од најдобрите клубови во Европа и светот. Горд сум во иднина да се борам за титули за Баерн“, изјави дефанзивецот.