Посни, лесни, брзи и многу вкусни бомбици кои може да ги направите и со замена на состојки кои ги имате дома.
Потребни состојки:
- 200 г бисквити
- 150-200 г џем/мармалад
- Урми
- Црно чоколадо
- Кокос
- Јаткасти плодовиНачин на подготовка:
Измешајте ги мелените бисквити со џем или мармалад по избор и оформете ги бомбиците. Може да ставите домашен мармалад од смокви.Следни се чоколадните. Растопете ги путерот, чоколадото и путерот од јатки на пареа. Може да ставите путер од лешник. Доколку немате путер од јатки може да си направите сами дома со тоа што во блендер ќе блендирате печени и излупени лешници, бадеми или кикирики. Во таа смеса додадете ги бисквитите и оставете малку да се излади смесата, па оформете ги бомбиците.
Трет вид: Урмите потопете ги во вода да стојат 2-3 часа или преку ноќ. Изблендирајте ги урмите во кремаста смеса заедно со путерот, па додадете ги овесните снегулки и кокосот и оформете ги бомбиците.