Во ек се летните одмори, па доколку планирате и вие истиот да го поминете во странство, одвојте неколку минути за да ги запомните овие неколку важни нешта.
Покрај пасошот и патните документи, постојат три важни броеви кои треба да ги знаете напамет, во случај да ви требаат кога сте во некоја друга држава.
Бројот на најблиското дипломатско- конзуларно претставништво на Македонија
Во случај на итна ситуација во странство, третиот број што македонските државјани треба да го знаат е бројот на најблиското дипломатско-конзуларно претставништво што може да го побарате на веб страницата на Министерството за надворешни работи.
Бројот на осигурителната куќа за медицинска помош во странство
Кога купувате патничко осигурување, осигурителната куќа ви дава телефонски број за итна медицинска помош. Овој број треба да го имате со вас цело време додека сте на пат. Вашето осигурување ви обезбедува 24 часовна медицинска помош преку овој број. Тие можат да ви помогнат да го добиете медицинскиот третман доколку итно ви треба, како и да одобрат лекување и да го потврдат вашето патничко осигурување на локалната болница.
112 е бројот за итна медицинска помош во Европската Унија
Доколку патувате во која било земја во ЕУ, јавете се на 112 за да бидете поврзани со соодветната локална служба за итни случаи. 112 е бројот на службите за итна медицинска помош насекаде во ЕУ од телефон или мобилен телефон во која било земја-членка на ЕУ. Овој универзален број за контакт за итни случаи е креиран од Европската комисија за да им овозможи лесен пристап на луѓето што патуваат во рамките на Европската унија.