Трик од 15 минути поради кој Италијанките јадат тестенини, а не се дебелеат – повеќе никогаш нема да имете потреба од диета

592

Тие зрачат со посебна убавина, а познати се и по тоа дека сакаат да си угодат себеси.

Овие фатални дами го живеат животот во полн здив. Забава, добро вино и вкусна храна се трите постулати до кои што се придржува секоја Италијанка.

Знаат дека стресот е лош за добриот изглед, па поради тоа избегнуваат диети и уживаат во секое вкусно залче.

Па, како тогаш успеваат да изгледаат толку заводливо, во земјата каде што тестенините во сите облици се омилениот оброк?

Во борбата со килограмите им помага трикот кој што всушност е дел од италијанската култура – секој ден шетаат барем по 15 минути. Италијанките нема да ги видите на кратки релации да користат превозно средство, тие уживаат да се опуштаат во пешачењето, а особено по оброкот.

Сепак, не се оптеретени со килограмите, па оваа активност за нив претставува вистинско задоволство без оглед на бенефитите по изгледот кои што им ги носи.

Шетањето е идеалната активност и за сузбивање на стресот. Нè ослободува од напнатоста, а што е најважно времето го поминуваме на свеж воздух.

„Лесните прошетки ги ослободуваат хормоните, како серотонин и допамин, а тие помагаат во концентрацијата и поправање на расположението“, тврди научничката Јоана Руп и истакнува дека сепак физичката активност е важна.

Италијанките за својот добар изглед се придржуваат и до уште едно важно правило во исхраната – јадат мали порции. Поради тоа доколку сакате да изгледате како овие жени кои што ги краси привлечност, не практикувајте строги диети – ограничете ги вашите порции и шетајте кога и да имате можност.