Конечно е тоа време од годината кога го чувствувате жешкиот песок под нозете и ладните солени бранови по целото тело. Сепак, тоа не значи дека сте целосно безгрижни.
Со уживањето редовно си доаѓаат некои ленти проблеми за кои како да не постои решение.
Грешите, само ви требаат овие неколку трикови за животот на плажа да стане уште полесен:
Како секогаш да имате студен пијалак при рака?
Замрзнете шише наполнете со вода до половина. Потоа дополнете го со обична вода или освежителен сок.
Прва помош за сува кожа и изгореници
Измешајте сок од алое вера со малку вода и замрзнете во калапи за мраз. Кога и да изгорите или кожата да ви се исуши од солта и сонцето, разладете го телото со неколку коцки.
Како нозете да не ви бидат излепени со песок?
Ако ве нервира песокот кој упорно се лепи на нозете, намачкајте ги со малку бебешка пудра.
Како пешкирот никогаш да не ви биде полн со песок?
Наместо пешкир, понесете навлака со ластик. Ова е посебно корисно ако сте со дете.
Како никогаш да не ги изгубите парите, клучевите и мобилниот?
Или во уште полош случај, да се заштитите од нивна кражба? Едноставно – ставете ги во пластиката од стар заштитен фактор.
Како комарците да бегаат од вас?
Направете течност од топла вода со ситно сечкан босилек и ставете во шише со распрскувач.
Како секогаш при рака да имате гранита?
За да не купувате гранита на секои 5 минути (посебно ако сте со деца), замрзнете неколку детски сокчиња и земете пластична лажичка.
Како да ги спакувате грицките?
Во пластични шишиња, наместо отворените кесички да ви се истураат по ташната.
Каде да ги сокриете парите?
За никој освен вас да не знае каде се…
Како да не го намокрите мобилниот?
Секогаш носете една проѕирна кесичка со вакуум. Силиконските футроли не се доволни.
Како да пиете пиво во вода без да ви се истури?
Лименката ставете ја во детски мускули за пливање.
Како да го спречите растопувањето на работите во чантата?
Ставете неколку замрзнати сунѓерчиња во пластични кеси и распоредете низ чантата.