„Две работи се сигурни, дека еден ден ќе умрам и дека Земјата е рамна“ – вели Рикардо, сопственик на ресторан во Сао Паоло во кој се собираат бразилските застапници на теоријата дека Земјата е рамна.
Додека седи покрај моделот на Земјата која е рамна како палачнка, Рикардо признава дека луѓето воглавно се смеат кога ќе им каже дека нивната планета е рамна. Овој 60-годишен сопственик на ресторан во чии простории се собираат луѓето кои што имаат размислување како него, односно оние кои го отфрлаат фактот дека Земјата е округла.
Станува збор за необичен, но изненадувачки колем клуб. Испитувањето на јавното мислење покажало дека над 11 милиони Бразилци или околу една четвртина од населението веруваат дека Земјата е рамна. Меѓу нив има и познати луѓе како писателот и новинар Олав де Карвалха или пак докторот по геофизика Афсонс де Васконселоса.

Бразилските истомисленици кои веруваат дека Земјата е рамна се таинствена и понекогаш параноична заедница која меѓусебно комуницира со шифрирани пораки преку затворени групи на социјалните мрежи и преку Јутјуб затоа што само таму можат да ги изнесат своите ставови и аргументи без страв дека некој ќе ги исмева.
Тие исто така тврдат дека доказите дека Земјата е округла се плод на завера.
Бразилците кои веруваат дека Земјата е рамна воглавно се мажи кои често се католици или пак протестанти и се со релативно ниско ниво на образование.
„Ние сме најпаметни, запишете го тоа“ – тврди 50-годишниот претприемач Андерсон Невес, гостин во ресторанот на Рикардо.
„Малигната псевдо-наука го отру образовниот систем во светот. Дека Земјата е елипсовидна е најголемата лага на човечкиот род, а ја диктира глобалната елита“ – убеден е Невес.
„Погледнете го хоризонтот или пак искачете се на планина и направите фотографија. Нема да може да видите дека Земјата е заоблена“ – објаснува тој.

Тие исто така не веруваат ниту во фотографиите кои што се направени од вселената, не се согласуваат со одговорите на научниците за гравитацијата, не ги интересира Фуковото нишало ниту долгиот период на набљудување на научниците.
„Уште од времето на Галилео знаеме со сигурност дека Земјата е округла. А, Грците тоа го сфатија пред 2.000 години“ – вели астрономот Роберто Коста од Универзитетот во Сао Паоло.
„Исто така човекот никогаш не чекорел на Месечината. Тоа е направено во студио“ – убеден е Рикардо.