Државниот инспекторат за труд го завршил надзорот во Министерството за политички систем и утврдил дека министерот Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, објави ТВ Телма.
Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба.
Поводот за прослава без маски во во понеделникот беше 62-риот роденден на лидерот Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем.
Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.