Легендата на народната музика, Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари оваа година после страшна сообраќајна несреќа која што, како што пишуваат медиумите, ја предизвика Турчинот Алсин Левент.
Обвинетиот дефинитивно немал возачка дозвола, открил новинар кој што известува за оваа трагедија.
Возачот на маздата, Алсин Левент е обвинет за убиство од немарност и по итна постапка е спроведен во истражен затвор, пренесуваат „Новости“.
За време на истрагата, недвосмислено е потврдено дека на 17 февруари 2019 година обвиниетиот бил под дејство на алкохол и дрога (канабис), рекол државниот обвинител од Германија, Кристоф Макел.