Турција распоредува воени сили на јужната граница: Се подготвува нова инвазија на Сирија?

874

Турската армија започна да ги распоредува своите сили во близина на јужната граница со Сирија и според аналитичарите, тоа е првиот чекор во пресрет на новата инвазија на северот на Сирија.

Како што откриваат извори за саудиската новинска агенција „Ал Арабија“, турската армија испратила дополнителни засилувања на просторот на јужната провиција Санлиурфа.

Да потсетиме, турската армија веќе подолго време распоредува свои сили на границата со Сирија, додека шефот на државата, Реџеп Таип Ердоган се заканува со воена офанзива против курдските сили источно од реката Еуфрат. Новите засилувања вклучуваат артилериски системи, а забележани биле и конвои на камиони со оружје и муниција.

Истовремено, многумина се прашуваат каде во овие моменти точно се наоѓа сириската армија.

Имено, иако сириската армија пред неколку дена порача дека се наоѓа во клучниот град Манбиџ на северот на земјата, тврдејќи дека се таму на повик на курдските сили, сепак според последните информации, сириските сили всушност се наоѓале во близина на градот, а не во самиот град.

Што се однесува до турската армија, се чини дека од ден во ден Турците се подготвуваат за офанзива и нова инвазија на сириската територија. Дали наредбата на Трамп за „забавување“ на повлекувањето на американските сили од Сирија исто така ќе ја забави турската инвазија на Сирија останува да почекаме и да видиме.

Во меѓувреме, се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој што уште еднаш порача дека турската армија дефинитивно влегува во Сирија, истакнувајќи дека „Алах ќе им донесе победа“.

Доколку се случи тоа, а сириската армија застане во одбрана на сирискиот град, тогаш можна е опасна ескалација на ситуацијата на северот на Сирија и започнување на првата жестока битка помеѓу турската и сириската армија.