Првото автономно летечко возило од Турција, наречено “Cezeri”, било успешно тестирано во Истанбул, соопштил произведувачот на тоа возило, компанијата “Baykar”, јавува агенцијата “Anadolu”.
За дизајнот и производството се заслужни турски инженери, а “Cezeri” во текот на пробниот лет на прототипот тежок 230 килограми, летал на висина од 10 метри, наведува “Baykar” во соопштението.
“Во наредната фаза само ќе направиме понапредни прототипи и ќе вршиме летови со учество на возачи”, рекол Селџук Бајрактар, еден од раководителите на компанијата.
#Turkish #CEZERI #Flying #Car#TEKNOFEST #TEKNOFEST2019 @Baykar_Savunma #Turkey #Türkiye #Istanbul #İstanbul @kitaptaolmasa pic.twitter.com/v1aPaW5uts
— The Great Turks (@TurkishArmedFcs) September 17, 2019
Тој навел дека ќе бидат потребни од 10 до 15 години “Cezeri” да се најде во градскиот сообраќај, а за три до четири години ќе може да се користи рекреативно во рурални средини.
“Cezeri” претставен минатиот септември на саемот за технологија и авијација “Technofest” одржан во Истанбул.
Автомобилот е наречен по Исмаил Ал Јазари, инженер и научник од 12-тиот век..