Турската полиција идентификувала пет лица осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, а четворица се поврзани директно со саудискиот крунски принц Мохамед бин Салман, објавил “Daily Sabah” повикувајќи се на извештаите на американските медиуми.
Еден од осомничените е полковник Махер Абдулазиз Мутреб, кој има блиски врски со саудискиот принц, како што покажуваат фотографиите на кои се гледа со принцот во Мадрид и Париз, пишува “New York Times”.
Тој бил виден со принцот Мохамед и за време на посетата на САД и Велика Британија.
They broke the story https://t.co/FND3j7Jkrd
— Louise Mensch (@LouiseMensch) October 17, 2018
Втор осомничен е Абдулазиз Мохамед ал-Хавсави, наводно член на обезбедувањето на принцот Салман, чија положба ја обелоденил француски професионалец кој претходно работел со кралското семејство.
Тар Галеб ал-Барби, третиот осомничен, е високопозициониран кралски чувар, кој поради своите способности бил префрлен во касарна во Џеди, известиле саудиските медиуми.
Dr Salah al-Tubaigy https://t.co/SP3e5fTGma pic.twitter.com/PBpqXwbaAS
— Melbourne Informer (@melbourneinform) October 17, 2018
Четвртиот осомничен е Мохамед Саад Алзахрани, кој патувал со пасош на име на друг член на обезбедувањето на кралското семејство. Тој на снимките бил прикажан со ознака на која пишува друго име.
Последниот осомничен е доктор Салах ал-Тубајаги, шеф за форензички докази во Секретаријатот за општа безбедност во Саудиска Арабија, кој патувал во Истанбул како дел од саудиската експедиција и наводно го сечел Кашоги додека бил жив.
“New York Times” објавил дека турските власти идентификувале најмалку девет од 15 осомничени кои се поврзани со саудиските воени, владини или безбедносни служби.
Encore des barbouses made in France. Un copain de Benalla? :
"Another man was identified as Abdulaziz Mohammed al-Hawsawi a French national and member of the Saudi's security team." @libe @LeFigaro_2 @BFMTV @lemondefr @David_vanH https://t.co/iY7SyfsEgD— Duck Blockschild (@duckblo) October 17, 2018
Во извештајот се наведува дека осомничените се префрлени со авион на приватна саудиска авио-компанија, која е директно поврзана со принцот и саудиското Министерство за внатрешни работи.
Турски службеник за “New York Times” изјавил дека Кашоги бил дрогиран, убиен и дека неговото тело било распрачено на 2. октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.