Турскиот заводник и атрактивната Дилета позаљубени од кога и да е: Погледнете како уживаат на јахта во Бодрум

838

Турскиот актер и миленик на жените, Џан Јаман и неговата девојка, водителката Дилета Леота, биле „уловени“ на одмор, а турскиот заводник постојано разменувал нежности со својата девојка.

Џан и Дилета биле фотографирани на нивната јахта во Бодрум, па иако сакале да бидат далеку од јавноста и да уживаат, сепак фотографите успеале да направат неколку фотографии од заљубениот пар.

Дилета и актерот едноставно блескале заедно, но сепак згодната русокоса привлекувала со своите атрибути кои биле одлично истакнати преку бикинито кое го носела.

Тие прво уживале на романтичен ручек, а потоа се сончале и разговарале, па размениле и по некој бакнеж.

Инаку, Џан е еден од најпопуларните турски актери по кој жените „лудуваат“.