Твитерџиите со жестоки реакции по постапката на пратеничката Костадиновска: Заболен пратеник се шета со корона, а ние ќе си седиме дома!

709

Откако пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека е позитивна на коронавирусот и дека ќе присуствува на денешната владина седница, реакциите не стивнуваат.

Имено, пратеничката на СДСМ на својот Фејсбук профил објави дека во скафандер и со заштитна опрема ќе пристигне во Собранието на денешната седница и покрај тоа што е позитивна на ковид-19.

Македонските твитерџии и овојпат „бурно“ реагираа на ваквиот потег на пратеничката, а повеќето од нив имаат став дека со тоа се загрозува јавното здравје.

Ова се дел од твитовите: