Тврди дека бил исфрлен од забавата поради своите гаќички: “Мојот костим за капење е премногу геј за тука”

1031

Американецот Крис Донохју тврди дека е исфрлен од базен во Лас Вегас, бидејќи неговиот костим за капење бил “премногу геј”. Крис се забавувал во саботата во клубот Encore Beach Club кога му пришло обезбедувањето.

Во тој момент носел жолти гаќички со потпис на Mr. Tusk чија цена е 98 долари, а обезбедувањето му рекло да се облече или да си замине.

“Ме присилија да го напуштам базенот, бидејќи носев гаќички кои не се во склад со брендот кој ја организираше забавата на базенот. Со други зборови, исфрлен сум бидејќи сум геј маж кој носеше костим за капење кој беше премногу геј за Encore Beach Club Las Vegas”, напиша на Фејсбук, објава која подоцна ја избриша.

На Интернет страницата на клубот пишува: “Облечете се да импресионирате, без широка облека или кратки панталони. Облеката за на базен е потребна за да можете да влезете”.

Под облеката јасно мислел на костими за капење, онакви какви што носел Донохју.

Како што раскажува, додека управителот на клубот му објаснувал дека мора да си замине, му пришле уште 5 до 7 членови од обезбедувањето, при што сите очи биле вперени во него.

“Неможев ни да замислам дека некој може да ме посрамоти и понижи. Со години не сум се чувствувал така”, рекол тој.

“Десет минути пред да ме исфрлат, покрај мене поминаа двајца мажи кои со прст покажуваа кон мене и се смееја. Го оставив тоа да помине, навикнат сум на тие работи. Мислев дека не е важно. Десет минути подоцна сум исфрлен од базенот, а еден од обезбедувањето ми рече: “Не ми е гајле што носиш, другите се жалеа од тебе”, раскажува момчето.

Кога Донохју им рекол дека го бркаат од базенот само поради тоа што е геј, му одговорија дека тоа нема никаква врска со неговите сексуални преференции. Но, тој не е првиот кој го обвинува клубот за двојните стандарди. Хуан Касадо е исфрлен од истиот клуб, бидејќи сакал да влезе на подиумот за играње кој е наменет само за жени.