Вакцината на компанијата „Фајзер“ ги надминала очекувањата на светските експерти.
Вакцината е сè поблиску до масовна употреба, а првите резултати од истражувањето покажале дека таа зад која што стои компанијата „Фајзер Бајонетик“ е ефикасна до 90 отсто. Тоа го потврдиле и произведувачите чија што анализа покажала многу подобри ефекти отколку што научниците се надевале, пренесува „Guardian“.
Високиот процент луѓе кои што вакцината успеала да ги заштити доведуваат до овие заклучоци кои што се убедливи.

„Денеска е прекрасен ден за науката и човештвото. Извештајот од резултатите на нашите испитувања за вакцината против Ковид-19, фаза три, даваат почетни докази за способноста на нашата вакцина во спречувањето на Ковид-19“, изјавил д-р Алберт Боурл, претседател и извршен директор на компанијата.
Во третата фаза на испитувањето на вакцината учествувале 43.000 луѓе.
Собирањето податоци за вакцината кои што се однесуваат на тоа колку вакцината е безбедна за употреба ќе се собираат до третата седмица од ноември, изјавиле од компанијата.
Потоа комплетното досие ќе биде предадено на регулаторното тело кое што треба да ја одобри.