Тајландскиот крал се ожени со заменичката на командантот на единицата која се грижи за неговата безбедност и ја прогласи за кралица, соопшти кралската фамилија. Таа вест беше изненадување за јавноста, а беше соопштена пред неговото официјално крунисување.
Кралот Маха Ваџиралонгкорн (66) претходно беше оженет трипати и има седум деца.
– Кралот реши да се ожени со генерал Сутида Ваџиралонгкорн На Ајудија и да ја прогласи за кралица, па таа ќе има кралска титула и статус како дел од кралската фамилија – стои во соопштението.
Кралицата Сутида и кралот Ваџиралонгкорн неколку години беа во врска и често беа забележувани заедно во јавност, иако досега тоа не беше официјално објавено.

Ако добро ги загледате фотографиите, ќе забележите дека Сутида на сите фотографии изгледа тажно и покрај тоа што тоа би требало тоа да биде еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.
Има шпекулации дека таа била омилената љубовница на кралот и дека често престојувале во Германија, каде што можеле да се сокријат од јавноста. Фотографиите од нивните заеднички патувања го прикажуваат кралот со многу тетоважи, во фармерки, додека Сутида носи високи потпетици, има разголен стомак и носи тесни панталони.