Убави вести – грчките експерти откриваат кога најрано ќе можеме да летуваме таму

680

Дали наскоро ќе можеме да уживаме во природните убавини на Грција, како што секое лето поголемиот дел од нас го прават?

Пандемијата коронавирус не се смирува, а доколку земеме предвид колкава штета нанесе низ цела Европа, тогаш ќе се запрашаме дали ова лето ќе можеме да летуваме во Грција – омиленото летувалиште на многумина.

Иако е тешко да се дадат прецизни предвидувања за тоа колку ќе трае пандемијата, грчките експерти се огласија и ја разбудија надешта дека нашиот летен одмор сепак ќе може да го поминеме на едни најубавите плажи во Грција.

„Тешко е да се предвиди иднината, но Грција работи на тоа многу добро. Доколку значително опадне бројот на заболени и починати пацинети, ќе разговараме за ублажување на мерките“ – изјавил генетичарот Емануил Дермицакис, претседател на Националниот совет на Грција за истражување на технологии и иновации.

„Верувам дека од месец мај мерките ќе почнат да се намалуваат, според стратегијата, според приоритетите. Верувам дека луѓето веќе во месец јули ќе можат покомфорно да одат на плажа, а можеби и да патуваат на островите. Но, сето тоа само доколку работите бидат како што треба“ – додал Емануил.

Додека овој генетичар е голем оптимист, Јоргос Сурвинос, професор по клиничка вирусологија на Универзитетот во Крит, тврди дека сепак потребно е да се причека до крајот на април, за потоа да се ‘разговара за измените за мерките за ограничување и нивно постепено намалување’.

Според податоците од Министерството за здравство, во Грција до денес има 1.755 позитивни случаи на коронавирусот, од кои 79 починати.