Убави вести од високоризичната Германија! Експоненцијалната крива на раст од заразени се израмнува! Еве кои мерки најмногу помогнале

855

Шефот на германскиот институт за јавно здравје тврди дека стапката на заразени од новиот коронавирус во земјата покажува знаци на изедначување, истакнувајќи го успехот на мерките за социјално дистанцирање усвоени во целата земја.

„Се забележуваат знаци дека експоненцијалната крива на раст полека се израмнува, но овој тренд конечно ќе можам да го потврдам во среда“, рекол Лотар Витлер, шефот на институтот „Роберт Кох“.

Германија беше меѓу првите европски држави кои воведоа мерки за реагирање во вонредни случаи, вклучувајќи затворање на училиштата и сериозно намалување на јавните собири.

Моментално во Германија има 25.787 лица заболени од коронавирусот со 106 смртни случи. Инаку, 266 лица се опоравиле од вирусот. Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел е сместена во карантин после контакт со лекар кој заболел од коронавирусот.