Убедливо најдобар: Гвардиола – менаџер на сезоната во Премиер лигата

817

Шампионската титула во англиското првенство на Пеп Гвардиола му донесе уште едно признание за менаџер на сезоната.

Манчестер Сити го одбрани трофејот во Премиер лигата со само еден бод предност пред Ливерпул и тоа го направи во последното коло. За да дојде до титулата, екипата заврши со 14 победи во низа и вкупно 98 поени.

За Гвардиола ова е втор признание за менаџер на сезоната во Премиер лигата откако и лани беше прогласен. За трите години во Англија, на 114 натпревари тој има 87 победи, 15 нерешени резултати и само 12 порази.