Убиен фудбалер на Сент-Етиен

1136

Младиот фудбалер на Сент-Етиен, Вилијам Гомис беше застрелан од огнено оружје во францускиот Ла Сен-Сер Меру, објавија локалните медиуми.

19-годишниот Гомис, братучед на познатиот фудбалер Бафетимби Гомис, е убиен во, засега, необјасниви околности.

Гомис играше за втората екипа на Сент-Етиен во француската трета лига. Минатата сезона одигра 18 натпревари.

Клубот се уште не се огласи за овој случај.