Лето, сонце, море, плажа, убаво време, уживање во летните бавчи на кафулињата, омиленото овошје покрај вас кое носи и несакани гости. Не мислиме само на неиздржливите температури, туку и на досадните инсекти на чело со комарците и осите.
Осите главно се појавуваат таму каде што има остатоци од храна, а особено ги привлекува овошјето, месото и слатките пијалоци.
Експертите од Анлија неодамна обелоденија дека осите ги напаѓаат луѓето, бидејќи всушност се пијани. Имено, нив ги опива алкохолот од феремнтираното овошје или остатоците од алкохолните пијалоци, кои ги оставате на тераса или во двор.
„На пролет, матицата на осите се буди од хибернација и почнува да гради свое гнездо, полжува јајца и го подига своето прво легло. Новите оси работнички не можат да произведуваат јајца, бидејќи тие ѝ помагаат на својата мајка да го прошири подмладокот. Една од главните цели им е да бараат мекотели за да ги прехранат ларвите во развој, но не можат да ги фатат поради тенкиот струк. Наместо тоа, пијаната храна богата со шеќери им ја носат на ларвите – вели доктор Ди Вард Томпсон од британската организација за деретизација, додавајќи дека осите најмногу сакаат топли и влажни места.
Десетте најболни убоди од инсекти: Како изгледа најболниот убод на светот?
Повеќето луѓе барем еднаш во животот биле каснати од пчела. Од друга страна, за среќа, многу малку луѓе се сретнале со огнените мравки или осата која лови тарантули. Научникот Џастин Смит на своја кожа ги осетил овие три и уште 147 други убоди од инсекти, посветувајќи го животот на истражувањето на инсектите.
На разните истражувачки патувања, овој ентомолог од Универзитетот во Аризона, дозволил да биде каснат од разни инсекти, а врз основа на тоа го направил Шмитовиот индекс за болка од убод од инсект кој има скала од еден до четири.
Нулата ја дал на инсектите што не можеле да ја пробијат кожата, а четворка за оние што предизвикуваат изразено силен бол. Покрај оценката на болката тој опишал и какво е чувството по каснувањето или убодот од инсектите.
Прочитајте кои се десетте најболни убоди од инсекти:
10. Пчела (индекс 1) – Блага и краткотрајна болка, како жарче да ви падне на раката
9. Огнени мравки (индекс 1,2) – Остра, помалку алармантна болка
8. Мравки Bullhorn Acacia (индекс 1,8) – Локална остра болка што полека расте со интензитет како со хефталка да ви ги прободат образите
7. Стршлен (индекс 2) – богата и силна болка, како да ја приклештите раката меѓу врата
6. Обична оса (индекс 2) – силна, врела болка, како некој да ви гаси цигара од јазикот
5. Медоносна пчела (индекс 2) – силна болка, како да запалите кибритче во близина на кожата
4. Црвена мравка (индекс 3) – Остра и немилосрдна болка како некој да се обидува со бушилка да ви извади нокт од ногата
3. Хартиена оса (индекс 3) – Остава горчлив вкус во устата, како некој да би истура солна киселина на отворена рана
2. Тарантула јастреб оса (индекс 4) – заслепувачки, електричен бол, како некој да ви фрли вклучен фен во када полна со вода
1. Мравка куршум (индекс 4+) – како да одите по разгорен јаглен, додека во петиците ви се забиваат клинци долги 7 сантиметри.