Учителка од Северна Каролина тврди дека е супсендирана, бидејќи хонорарно работи како инструкторка за танц на шипка. Кендис Мејсон обожува да биде учителка и била многу среќна кога конечно ѝ дале нејзино одделение.
“Бев многу возбудена. Веќе ми дадоа и мое одделение”, рекла самохраната мајка, која е магистер по психологија и има сертификат за флеботомија (вештина за земање крв на пациенти).
Покрај тоа, има голема страст кон танцот на шипка. “Така останувам во форма и можам да се изразам”, рекла за ABC11.
Кендис на својот приватен профил на Фејсбук објави снмка од танцот, кој набрзо го виделе и од училиштето во кое работи и била суспендирана.
“Работев многу напорно за да успеам да осигурам доволно финансиски средства за мојата ќерка да може да живее нормален живот, а сега сето тоа е срушено поради нешто што сакам да го правам”, рекла таа.
Од училиштето не објасниле зошто била суспендирана, туку само навеле дека истрагата е во тек. Мејсон за ABC го покажа правилото кое го прекршила.
“Како примери за учениците, вработените се одговорни за своето јавно однесување, дури и кога не ги извршуваат своите должности како вработени во училишните институции”, цитираше Мејсон.
Мејсон вели дека некој ја пријавил намерно, а смета дека тоа го направил некој злобен за таа да биде претставена како лоша личност.
“Никогаш не се срамев од танцот на шипка. За мене тоа е уметност. Не гледам ништо лошо во тоа”, рекла таа.