Удар на Русија на ОН: Генералното собрание усвоило резолуција против милитаризација на Крим

754

Генералното собрание на ОН вчера усвоило резолуција, која ја предложила Украина, против милитаризација на Крим и Азовското и Црното море.

Во овој документ се наведува дека присуството на руската војска на Крим противречи на националниот суверенитет, политичката независност и територијалниот интегритет на Украина.

Покрај тоа, се осудува Русија поради тоа што изградила мост преку Керчкиот мореуз.

Резолуцијата ја поддржале 66 земји, 19 биле против, а 72 биле воздржани.

Истовремено, Генералното собрание на ОН ги отфрлило амандманите кои ги предложиле Иран и Сирија, а кои имаат за цел тој документ да се избалансира и кои потсетуваат на договорите од Минск, наведува руската агенција.

Руското министерство за одбрана во понеделникот соопштило дека распоредило повеќе од 10 “Sukhoi 27” и “Sukhoi 30” на Крим откако рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров предупредил на тоа дека Украина подготвува провокација во близина на Крим кон крајот на годината.

Министерството соопштило дека авионите се распоредени во воената база Белбек на Крим, каде ќе бидат трајно стационирани.