Угостителските услуги во јануари поскапи за 2,8 отсто на годишно ниво

709

Цените на угостителските услуги во јануари годинава
во споредба со декември мината година се зголемени за 0,2  отсто. Во однос на јануари лани угостителските услуги поскапеле за 2,8 отсто.
Државниот завод за статистика денеска објави дека во јануари во однос на декември споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 0,2 отсто, „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 отсто и „ноќевања“ за 0,2 отсто.